Театар Гран-при за претставата „Меѓу нас е тивко“ на Интимен театар од Битола на ДАФ во Кочани Објавено на 03/06/2018 – ММС
ММС

Објавено на: 06/4/18 9:02 AM

Театар Гран-при за претставата „Меѓу нас е тивко“ на Интимен театар од Битола на ДАФ во Кочани Објавено на 03/06/2018

Гран-прито на 55-тото издание на „ДАФ на Македонија – Кочани 2018“ ја доби претставата „Меѓу нас е тивко“ на Младинската сцена при Интимниот театар Битола од авторите: Ана Жежовска, Валентин Дамчевски и Симеона Павловска, во режија на А. Жежовска, В. Дамчевски и С. Павловска, одлучи комисијата во состав: Горан Стојаноски – Претседател и членовите Билјана Крајчевска и Наталија Теодосиева.

Наградата „Васил Ќортошев“ ја добија за квалитетната колективна игра и вештото извршување на задачите во една комплицирана естетика.

Нагарадата за најдобра режија му беше доделена на Владимир Јовановски за претставата „Дом за старци“ што ја изведе Летечката театарска трупа од Тетово.

Признанието за најдобра главна женска улога го доби Тина Танчева за ликот на Велика во истоимената претстава во изведба ЈОУ „Бранд Петрушев“ од Богданци.

Кристијан Јорданов, член на Младинското драмско студио „Прличко“ од Велес е добитник на наградата за најдобра главна машка улога за ликот на Патлен во претставата “Адвокатот Патлен“.

Награда за најдобра епизодна улога и беше доделена на Марија Ѓорѓиева од Драмското студио при НУЦК „Бели мугри“ – Кочани, а Стефан Николовски од Младинско драмско студио „Прличко“ од Велес беше награден за најдобра епизодна машка улога.

За најдобра театарска престава за деца беше прогласен драмскиот проект „Од трње до звезди“ во изведба на Летечка театарска трупа од Тетово, а признанието за уметничка иновација и истражување во аматерскот драмски израз го доби Аматерско позориште „Хранислав Драгутиновиќ“ од Прокупље, Република Србија.

Жирито им додели специјално признание на Филип Ѓорѓиевски, Синиша Петровски и Давид Михаиловски за најавтентичен актерски израз и промоција на дијалективопретставата „Токмаците и билбилот“, во изведба на ОУ „Ванчо Прке“ од Делчево.