Заврши ДАФ: Гран при за “Меѓу нас е тивко” на Интимен театар – ММС
ММС

Објавено на: 06/4/18 9:01 AM

Заврши ДАФ: Гран при за “Меѓу нас е тивко” на Интимен театар

Претставата „Меѓу нас е тивко“ на Интимен театар од Битола ја доби наградата Гран при „Васил Ќортошев“ за најдобра претстава на Драмскиот аматерски фестивал Кочани. Автори и режисери на претставата се Ана Жежовска, Валентин Дамчевски и Симеона Павловска.

Наградата за најдобра главна машка улога отиде кај Кристијан Јорданов кој глуми во „Адвокатот Патлен“, а за најдобра женска кај Тина Танчева од претставата „Велика“. Гостите од Прокупље, од Аматерското позориште „Хранислав Драгутиновиќ“, за претставата „Ана је чекала“ добија признание за уметничка иновација и истражување во аматерскиот драмски израз.

„Од трње до ѕвезди“ на Летечката театарска трупа од Тетово, пак, е најдобрата претстава за деца. Автор на текстот и режисер е Владимир Јовановски.

Во негови раце отиде и наградата за најдобра режија за претставата „Дом за старци“ на истата театарска трупа од Тетово.

На шесте фестивалки дена публиката во Кочани имаше можност да проследи вкупно 16 драмски изведби во официјална конкуренција, а „Чао пријатно“, беше одиграна ревијално последната вечер.