Филм: „Светот Јура: Паднатото кралство“ во македонските кина – ММС
ММС

Објавено на: 06/4/18 9:00 AM

Филм: „Светот Јура: Паднатото кралство“ во македонските кина

„Светот Јура: Паднатото кралство“ во режија на Џ.А. Бајона е најновиот филм од франшизата Jurassic park која во 1993 година за првпат на филмското платно и на голема врата ги донесе/оживеа чудовиштата од Јура – изумрените диносауруси.

Филмот наскоро публиката ќе може да го види во градските кина. Во новото продолжение, кое е микс на акција, авантура, научна фантастика, Овен и Клер почнуваат кампања за да ги спасат од изумирање преостанатите диносауруси останати на островот по рушењето на забавниот парк.

Овен на сите начини се обидува да ја најде Блу, неговиот грабливец, кој е изгубен во дивината, додека Клер стекнува почит кон овие суштества, кои стануваат нејзина мисија. Кога стигнуваат на островот, лава почнува да го уништува, а нивната експедиција открива завера, која може да ја загрози целата планета и да ја доведе во состојба каква што не е видена уште од праисторијата.