Трагедија: Се запали камион полн со тоалетна хартија во БиХ – ММС
ММС

Објавено на: 03/21/20 7:43 AM

Трагедија: Се запали камион полн со тоалетна хартија во БиХ

Вчера во Добој се запалила внатрешноста на камион на претпријаие од Бања Лука што превезувал тоалетна хартија, која насекаде во светот е многу барана за време на пандемијата на коронавирусот, пишува „Аваз“.

Добојските пожарникари го изгасиле пожарот, а, освен камионот и тоалет-хартијата, нема настрадано луѓе во несреќата. Причина за пожарот била неисправна инсталција во возилото, а хартијата се запалила од светилка во камионот.