Време: Денеска сончево, до 23 степени, од утре врнежи и зимски температури – ММС
ММС

Објавено на: 03/21/20 5:54 AM

Време: Денеска сончево, до 23 степени, од утре врнежи и зимски температури

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со максимална температура до 23 степени.

Утре, според прогнозата на УХМР, ќе настапи наоблачување, попладне со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни. Кон крајот на денот ќе почне да дува умерен до засилен северен ветер што ќе услови значително заладување и врнежи од снег на планините и на повисоките места, каде ќе се формира снежна покривка. В понеделник и во вторник врнежите ќе преминат во снег и на некои пониски места, а максималната температура се очекува да се спушти на девет степени.