„Тишина” со гласна порака против семејното насилство – ММС
ММС

Објавено на: 06/4/18 8:55 AM

„Тишина” со гласна порака против семејното насилство

На 20 јуни на големата сцена во Македонската опера и балет Културно-уметничкиот центар „Битрикс“ ќе ја изведе премиерата на најновата танцова претстава наречена „Тишина”. Идејата за претставата „Тишина” е поттикната од еден од најчестите проблеми на денешницата – семејното насилство. Низ перформансот осцилираат ситуации од вистинити приказни од секојдневието на членовите и нивното опкружување, кои, за жал, се прифатени и сè уште присутни во заедницата, а жртвите се чувствуваат немоќни.

„Тишина” е еден аудиовизуелен перформанс во кој повеќе уметнички фрагменти создаваат една неверојатна целина, а со цел да ја разбудат свеста и да охрабрат промена за оние на кои им е потребна!
Кореографи на претставата се Ивана Балабанова и Леонардо Хусеини од Битрикс, а во неа се вклучени 31 танчер.

Целосната креатива и изработка е поддржана со активноста на видеопродукцијата „Марсбен„, концепт-креаторот и графички дизајнер Ана Стојановска, веб-дизајнерот Томислав Балабанов, психотерапевтот Тина Васков, Владо Караев како надворешен соработник и активист против семејно насилство, фотографот Ѕвонко Петровски, Иван Петров -музички продуцент, вокалната група составена од: Стефан Манасиевиќ, Матеј Петров, Јулија Трајковиќ, Полина Тасева, Дамијан Каранфилов, Искра Мицковска и Маја Јанковска, професорката по актерска игра Кристина Леловац, здружението „Надеж” кое низ годините се бори против семејното насилство и ја нуди СОС линијата за помош на жртвите од семејно насилство и маркетинг-агенцијата McCann Скопје.

Билетите за претставата се веќе пуштени во продажба и се достапни во „Битрикс“ и преку онлајн продажба на: karti.com.mk и mktickets.mk. „Битрикс“ се повеќекратни шампиони на многу државни и меѓународни натпревари, а и вицешампиони на ESDU Светското првенство во модерни танци. Тие се креатори на многу проекти, меѓу кои позначајни се двете танцови претстави „Издигнување” (премиера 2013 на „Танц фест”) и „Делови” (премиера 2016 на кровот на катната гаража „Македонска фаланга”). Тие се креатори на единствениот танцов камп во Македонија „Битрикс танцова лига”, на кој до сега учествувале кореографи од Холандија, Швајцарија, USA, Италија, Германија, Украина, Естонија, Грција, Србија, итн. Нивното портфолио брои огромен број перформанси за: Вип, Apple, Timberland, Replay, Buzz Sneaker Station, Neuland, Seavus, итн