Уапсен уште еден гостиварец, ја отворил кафетеријата и служел гости – ММС
ММС

Објавено на: 03/20/20 4:32 PM

Уапсен уште еден гостиварец, ја отворил кафетеријата и служел гости

 Синоќа околу 22 часот, полициски службеници на на Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 55-годишниот Ј.С. од гостиварско Старо Чајле. При контролата на Државниот пазарен инспекторат во неговата кафитерија во ова село, биле затекнати шест лица.

Ј.С. задржан е во Полициската станица Гостивар и по целосното расчистување на случајот  и денес му е изготвен поднесок поради сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, додека објектот времено му е затворен.

Од воведувањето на мерки за спречување на ширење на коронавирусот, во гостиварско, за „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“ вкупно се регистрирани три вакви случаи.