Гран-при за претставата „Меѓу нас е тивко“ на Драмскиот аматерски фестивал во Кочани – ММС
ММС

Објавено на: 06/4/18 8:49 AM

Гран-при за претставата „Меѓу нас е тивко“ на Драмскиот аматерски фестивал во Кочани

Претставата „Меѓу нас е тивко“ во изведба на Младинската сцена на Интимен театар од Битола ја доби наградата „Васил Ќортошев“ како најдобра на 55. Драмски аматерски фестивал (ДАФ) што синоќа заврши во Кочани.

Нагарадата за најдобра режија му беше доделена на Владимир Јовановски за претставата „Дом за старци“ на Летечката театарска трупа од Тетово. Признанието за најдобра главна женска улога го доби Тина Танчева за ликот на Велика во истоимената претстава во изведба ЈОУ „Бранд Петрушев“ од Богданци.

Кристијан Јорданов, член на Младинското драмско студио „Прличко“ од Велес е добитник на наградата за најдобра главна машка улога за ликот на Патлен во претставата “Адвокатот Патлен“.

Награда за најдобра епизодна улога и беше доделена на Марија Ѓорѓиева од Драмското студио при НУЦК „Бели мугри“ – Кочани, а Стефан Николовски од Младинско драмско студио „Прличко“ од Велес беше награден за најдобра епизодна машка улога.

За најдобра театарска престава за деца беше прогласен драмскиот проект „Од трње до звезди“ во изведба на Летечка театарска трупа од Тетово. Признанието за уметничка иновација и истражување во аматерскот драмски израз го доби Аматерско позориште „Хранислав Драгутиновиќ“ од Прокупље, Република Србија.

Жирито им додели специјално признание на Филип Ѓорѓиевски, Синиша Петровски и Давид Михаиловски за најавтентичен актерски израз и промоција на дијалективопретставата „Токмаците и билбилот“, во изведба на ОУ „Ванчо Прке“ од Делчево.

Годинава на ДАФ во Кочани беа прикажани 16 драмски проекти, од кои четири во категоријата за деца и младинци, а останатите во вечерната и алтернативна програма. Во придружниот програмски дел беа промовирани книгите „Панкот е мртов“ од Томаж Космач и „Македонска рок енциклопедија“ од Тошо Филиповски.

Tweet
Share 1
+1
LinkedIn 0