Вилијам на тронот, кралицата Елизабета и Чарлс во изолација – ММС
ММС

Објавено на: 03/20/20 9:30 AM

Вилијам на тронот, кралицата Елизабета и Чарлс во изолација

 

Кралица Елизабета (93) неколку размислувала што да направи за да се заштити од Корона вирусот. Со сопругот Филип (98) заминала во Виндзор, каде секоја година го поминуваат Велигден. Но, од својата резиденција им се обратила на нацијата:

-Јасно ни е дека пред нас е тежок период и дека целиот свет се грижи за здравјето. На сите ни е советувано да го смениме секојдневниот начин на живот и да се прилагодиме со ново настанатата состојба. Треба да си го чуваме здравјето и да мислиме на останатите, особено на најчувствителните. Уверена сум дека сите сме подготвени на овој предизвик. Бидете сигурни дека јас и моето семејство сме подготвени да ја одиграме нашата улога во сето ова, се вели во соопштението на кралското семејство на официјалниот Инстаграм профил.

Англиските медиуми пишуваат дека додека кралицата е во изолација,  должностите ќе ги преземе принцот Вилијам (37). Тој е во вториот ред за титулата, но и  Чарлс (71) во категоријата опасност од зараза и исто така како и кралицата е подготвен за изолација.