Триесет и едногодишниот, Гонзало Игуаин ќе биде „продаден“ – одлучи Јувентус. Италијанските медиуми пишуваат дека ова е последната шанса за клубот да заработи повеќе пари.
Игуаин е свесен дека „старата дама“ би прифатила понуда од 60 милиони евра, а како главни кандидати за неговиот потпис се споменуваат ПСЖ и Монако. Монако очекува да го продаде Фалкао, на чие место би дошол токму Игуаин.
Јувентус пак, сака да го продаде Игуаин, зашто сакаат да го ангажираат Мауро Икарди, а доколку не успеат во таа намера, тогаш алтернативи се Алваро Мората од Челси или Роберт Левандовски од Баерн Минхен.