На германско-полската граница колони од 60 километри – ММС
ММС

Објавено на: 03/19/20 3:28 PM

На германско-полската граница колони од 60 километри

Поради забраната за влез во Полска за сите странци, на германско-полските гранични премини се создаваат колони и во должина до 60 километри.

„Ситуацијата на границата со Полска е навистина драматична. Ние сме во постојан контакт со полските власти“, рече германскиот министер за надворешни работи, Хајко Маас, за јавниот сервис.

Најголемиот метеж е регистриран на граничниот премин Гоерлиц (Згорзелец), каде колоната во средата навечер достигнала должина од 60 километри. Претставници на Техничката помош (THW) и германскиот Црвен крст од понеделникот дистрибуираат храна и пијалаци за возачите заглавени на границата.

Слични колони се создаваат и на граничниот премин Франкфурт на Одра, источно од Берлин. Полицајците од колоната ги извлекуваат камионите со добиток, кој потоа се сместува кај локалните земјоделци.

Извор: denar.mk