Леброн: Кливленд дома игра подобро – ММС
ММС

Објавено на: 06/4/18 8:46 AM

Леброн: Кливленд дома игра подобро

Најдобриот кошаркар на Кливленд Кавалирс, Леброн Џејмс смета дека неговиот тим ќе има повеќе успех на домашните дуели со Голден Стејт во НБА финалето.

По првите две гостувања, Кливленд губи со 2-0 и ќе му треба голем резултатски пресврт за прв да стигне до четири победи.

„Штета што е таков резултатот. Посебно по првиот натпревар кој требаше да го добиеме. Ова се случува ако не се посветиш целосно. Мора да бидеме силни и физички и на психолошки план. Имаме силен ривал. Секој таму работи. Во третиот натпревар мораме да ја искористиме нашата шанса, бидејќи дома играме добра кошарка. Не треба да бидеме релаксирани. Голден Стејт е последниот тим против кој можеме да си го дозволиме тоа. Тие покажаа дека можат да победат во тешки ситуации“, изјави Леброн Џејмс.

Шанса да стигнат до првата победа во финалната серија Кливленд ќе ја има на третиот дуел закажан за ноќта меѓу среда и четврток кога ќе биде домаќин.