Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа се врати од повредата и имаше одличен настап во Португалија, што ѝ донесе и напредок на ВТА-листата.
Ѓорческа дојде до полуфиналето на турнирот и забележа напредок од 41 позиција. Сега таа е на 428 место.
Најдобра на ВТА-листата е Симона Халеп од Романија, а по неа се Каролин Возниацки, Габрињe Мугуруза, Елина Свитолина.