Време: Денес до 19 степени, до сабота и потопло, од понеделник пролетна зима – ММС
ММС

Објавено на: 03/19/20 6:59 AM

Време: Денес до 19 степени, до сабота и потопло, од понеделник пролетна зима

Сончево со мала да умерена облачност и со максимална температура до 19 степени е прогнозата на УХМР за денеска.

До сабота ќе се задржи стабилно време со постудени утра и со пораст на дневната температура, која в сабота треба да достигне до 22 степена. В недела ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд кои во текот на ноќта и в понеделник поради значителното заладување на места ќе преминат во снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Слично време се очекува и во вторник со натамошен пад на температурата.