Корона вирусот го одложи Евросонг 2020 – ММС
ММС

Објавено на: 03/18/20 9:25 PM

Корона вирусот го одложи Евросонг 2020

Се откажува Изборот за песна на Евровизија, поради пандемија од Корона вирусот. Евросонг беше закажан за 12, 14 и 16 мај во Ротердам, Холандија, а Македонија требаше да ја претставува Васил Гарванлиев со песната „You“.

-Неизвесноста која ја предизвика  ширењето на Ковид-19 низ цела Европа и ограничувањата што владите на земјите учеснички ги воведуваат, како  и холандските власти,  придонесе Европската унија за радиодифузија (ЕБУ) да ја донесе тешката одлука за да се одложи Евросонг. Здравјето на уметниците, персоналот, навивачите и посетителите, како и состојбата во Холандија, Европа и светот, сето тоа придонесе да се донесе ваквата одлука. Ние сме многу горди што Евровизискиот натпревар јо обединува публиката секоја година, без прекини, изминатите 64 години и ние, како милиони од вас ширум светот, многу жалиме што не може да се одржи во мај, се вели во официјалното  соопштение од ЕБУ .

Јонон Ола Санд, извршниот супервизор вели дека: „ ЕБУ, заедно со домаќинот,  Холндскиот национален сервис и Градот Ротердам ќе продолжат и понатаму да разговараат за да видат дали е можно Евросонг да се одржи во Ротердам во 2021 година. Ние жалиме многу за оваа ситуација, но можам само да  ветам: Евровизискиот натпревар ќе се врати посилен од кога било “.

Фановите на ова најголема музичка манифестација во Европа, се уште не можат да се помират со фактот дека по 64 години Евровизија да ја нема, па даваа предлози таа сепак, да се одржи без публика. Но,  одговорните велат дека  заради заштита на здравјето  на сите граѓани и холандските ограничувања за собирање на голем број луѓе, како  и меѓународните ограничувања за патувања значат дека одржувањето на настанот, дури и без публика, е невозможно.

-Целта на Евровизија е да се соберат делегации, уметници и обожаватели на едно место, затоа организирањето на Евровизија на друг начин не е  во согласност со вредностите и традицијата на настанот. Единствениот формат на натпреварот за песна како меѓународен настан во живо значи дека не е можно да се најде реална алтернатива. Затоа немаме друг избор освен да го откажеме шоуто, велат од ЕБУ.

А за тоа дали идната година уметниците ќе се натпреваруваат со истите песни,  што ќе се случи со билетите, дали ќе бидат враќани парите или истите ќе  важат за следната година дополнително ќе информираат, како и тоа дали Ротердам ќе биде домаќин на Евросонг 2021 .