Балекс: Заглавени возачи со камиони без храна и услови за одржување хигиена – ММС
ММС

Објавено на: 03/18/20 6:34 PM

Балекс: Заглавени возачи со камиони без храна и услови за одржување хигиена

Закочување на превозот и транспортот, возачите поради мерката за самоизолација не можат да излезат од Македонија, а тие што се веќе низ Европа се заглавени без храна, вода и неможност за одржување на личната хигиена, вели Ангел Велинов, сопственик на штипската фирма Балекс.

„Целиот возен парк е стопиран, немаме можности да излегуваме од Македонија со нашите камиони, не можеме да ги услужуваме странките. Камионите кои се надвор по Европа се заглавени на српско – хрватска страна, не ги пуштаат. Вчера пропуштија неколку возила а другите останаа и стојат по неколку денови таму. Возачите нема што да јадат што да пијат , нема каде хигиена да одржуваат. Се соочуваме со големи проблеми и со возачите бидејќи по 4-5 дена стојат на граничните премини и од една болест може да добијат и друга болест“, вели Велинов.

Патувањето е многу отежнато, вели Велинов, само до Словенија се патува од седум до осум дена.

“Хрватска нема коридор, Словенија има коридор само патувањето од Македонија до Словенија е отежнато и се патува по 7 – 8 дена до Словенија“, вели Велинов и тврди дека ситуацијата е многу тешка и добро ќе биде ако финансиски издржат до крајот на месецот.