Колку е тешко да се биде сам со сопствените мисли? – ММС
ММС

Објавено на: 03/18/20 4:24 PM

Колку е тешко да се биде сам со сопствените мисли?

Луѓето би сториле било што, само да не бидат препуштени на своите мисли – прилично е поразителен заклучокот на научниците по спроведувањето на истражувањата.

Нова студија, објавена во научното списание Journal of Personality and Social Psychology, проучувала многу интересна тема – на кој начин луѓето се справуваат со сопствените мисли и колку е тешко да не прават ништо додека се сами.

Николас Батрик и група научници од Универзитетот во Вирџинија проучувале групи луѓе во 11 земји (Белгија, Бразил, Костарика, Јапонија, Кореја, Малезија, Португалија, Србија, Турција, САД, Арапски Емирати). Се покажало дека ситуацијата е насекаде иста- сите луѓе повеќе би сакале да се занимаваат со нешто, отколку да бидат сами со себе и со своите мисли.

Учесниците (2.557) биле поделени во две групи. Првата група имала задача да поминат 10 до 15 минути размислувајќи, додека луѓето во втората група гледале телевизија, поминувале време на интернет или читале книга. Сите испитаниците од двете групи биле сами за време на експериментот.

По завршувањето на времето, научниците побарале од испитаниците да го оценат нивото на уживање, забава и здодевност во текот на тие 15 минути.

Повеќето испитаници од сите земји подобро би избрале да се занимаваат со конкретни активности, наместо да бидат сами со сопствените мисли.

Бидејќи многумина од нас работат од дома или се наоѓаат во изолација поради новонастанатата ситуација во врска со коронавирусот, ве советуваме во наредните денови да се дружите со книгите кои одамна сте сакале да ги прочитате, но не сте ги прочитале – сега е идеална прилика.

Извор: denar.mk