Компанијата MOL Norge AS, која е во 100 процентна сопственост на MOL Group, и нејзините партнери откриле нафта и плин на одобреното поле кое се наоѓа на околу 200 км западно од Ставангер во норвешкиот дел на Северното Море.
Истраженото бушење на подрачјето за концесија 820S е издупчена до максимална длабочина од 2.652 метри под нивото на морето. Нафтата и плинот се пронајдени во голем број формации, а резултатите од тестирањето укажуваат на околу 3.463 барели еквивалентна нафта дневно. Потенцијалните ресурси откриени во главната формација изнесуваат помеѓу 12 и 71 милиони барели еквивалентна нафта и плин.
Комерцијалноста на ова откритие ќе се утврди последователно, по дополнителни технички работи.
Компанијата MOL Norge AS, со своите 4о проценти удел кои и даваат право на истражување и производство, е оператор на концесијата 820S во име на партнерите Lundin Norway AS (40 %), Wintershall Dea Norge AS (10 %) и Pandion Energy AS (10 %).
MOL Group влезе во Норвешка во 2015 година со стекнување на 100 процентен удел во фабриката Ithaca Petroleum Norge. Активностите за дупчење започнаа во 2018 година, откако операторот достигна нивоа на подготвеност во рекордно брз рок без никакво мешање во високо регулирано опкружување.
Истражувачкото портфолио на MOL во Норвешка има за цел да поддржи остварување на органска замена на резервите на MOL Group.
Извор: denar.mk