Елон Маск на работа, работниците дома – ММС
ММС

Објавено на: 03/18/20 4:03 PM

Елон Маск на работа, работниците дома

Фабриката за електрични автомобили Tesla во Фремонт, Калифорнија, продолжува да работи, без оглед на препораките на властите за самоизолација на таа област поради коронавирусот.

Основачот и извршен директор на компанијата Елон Маск доаѓа на работа во фабриката, а на своите вработени им испратил меил порака дека може да останат дома ако се плашат.

„Штетата предизвикана од паниката ја надминува онаа од самиот вирус. Ќе бидам на работното место, но тоа сум јас. Ако се плашите за своето здравје, слободно останете дома“, им напишал Маск на вработените.

Фабриката Tesla вработува 10.000 работници и е прогласена за еден од основните деловни субјекти во оваа област, па затоа е ослободена од одредбата за престанок на работа.

Инаку, голем број на автомобилски компании низ цела Европа веќе ги затворија своите производствени капацитети. На списокот оние кои не работат се Volkswagen, Renault, Ferrari, Fiat Chrysler додека италијанскиот производител на гуми Pirelli најави намалување на производството.

Извор: denar.mk