„Секој ден се јавуваат поплаки од вработени .Ние работиме заедно со работниците кои сметаме дека се оштетени по основ на работен однос, нудиме бесплатна правна помош во рамките од работен однос и апелирам до сите работници онаму каде ќе им дадат неповолни решенија за работа или принуден одмор, бркање од работа , да се обратат до Сојузот на синдикати на Македонија како заедно би се консултирале и би им понудиле правна помош за зачувување на нивните работни места“- вели Дарко Димовски , Претседател на Синдикат на работниците од угостителството, туризмот, комунално- станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва.
Тој истакна дека работниците може да пријават прекршување на работничките права на телефонскиот број 070 262 812


