Хрватска: За таткото што од балкон си ги фрли четирите деца – 30 години затвор – ММС
ММС

Објавено на: 03/18/20 12:17 PM

Хрватска: За таткото што од балкон си ги фрли четирите деца – 30 години затвор

Јосип Роѓак (55), кој своите четири деца на возраст од три до осум години, во февруари лани ги фрли од балкон на семејната куќа на остривот Паг, денеска е прогласен за виновен за четири тешки  убуства во обид во жупанискиот суд во Задар. Судот за секое дело му определи по осум години, односно единствена затворска казна од 30 години со задолжително псхијатриско лекување, пишуваат хрватски медиуми.

Чинот што ги вознемири Хрватска и Балканот се случи на 28 февруари минатата година околу 6 часот наутро. Децата, фрлани едно по друго, падот од пет метри го преживеаја, но завршија со тешки повреди.