Фудбалската легенда, Ќиро Блажевиќ во карантин: Мора да сме одговорни, ќе го надминеме вирусот – ММС
ММС

Објавено на: 03/18/20 12:03 PM

Фудбалската легенда, Ќиро Блажевиќ во карантин: Мора да сме одговорни, ќе го надминеме вирусот

 

Фудбалската легенда, Ќиро Блажевиќ е во карантин. Тој за хрватските медиуми изјавил дека се чувствува добро и дека ги почитува препораките на лекарите.

-Веднаш реков дека ова е многу тешка ситуација отколку што луѓето мислат. Сите заедно мораме да бидеме посериозни, рекол Блажевиќ(85), кој е дома во самоизолација.

-Лекарот ми забрани да излегувам. Јас сум добро, немам никакви проблеми, но со оглед на годините , сепак, е подобро да бидам меѓу четири ѕида, рекол тој.

Медиумите велат дека оваа мерка на Блажевиќ тешко му паѓа бидејки бил навикнат постојано да биде опкружен со луѓе. А секојдневно кога поминувал на загребскиот плоштат луге го застанувале за муабет.

„Мета е на повозрасни госпоѓи, кои како голем џетлмен ги поздравува со насевка а ако е потребно понекгаш и купува по некој цвет. Младите, пак, сакаат да му приоѓаат, да се ракуваат или фотографираат со него а тој во неговиот живот за такви моменти никогаш не рекол не, пишува 24сата.хр.

– А што да правам, малку сето тоа ќе причека. Сите мора да бидеме одговорни за да не се прошири тој вирус.  Поминавме многу потешки ситуации, ќе ја поминеме и оваа, само мора да бидеме, според фудбалскиот речник, вистински тактичари.  А јас сум уверен дека на крајот се добро ќе заврши, објаснил тој.

Тој рекол дека имал сви луѓе кои му носат храна и се што му треба. Сакал да прелистува дневни весници, чита книги, за кои рекол дека веќе сите ги прочитал, ама сега ги повторува.

Размислувал и да напише книга.

– Имам богата кариера, вреди да оставам автобиографија зад мене а и немам некој посебн рцепт  како полесно да се издржи самоизолацијата. Секој нека најде начин како да ја издржи изолацијата. Некој ќе слуша музика, некој ќе гледа филмови, некој стари фудбалски натпревари. Кој како сака, рекол Блажевиќ.

Фото и текст: 24sata.hr