Во Кина вчера потврдени само 13 нови случаи, се’ повеќе нови случаи со Ковид-19 во Европа и на Балканот – ММС
ММС

Објавено на: 03/18/20 11:18 AM

Во Кина вчера потврдени само 13 нови случаи, се’ повеќе нови случаи со Ковид-19 во Европа и на Балканот

Во Кина вчера се потврдеи само 13 новозаразени со коронавирус, од кои 12 се на патници што допатувале од странство. Вчера од вирусот починале 11 луѓе, со што вкупниот број достигна 3.237, а вкупниот број заразени во Кина до 80.894. Во светот, пак, вкупната бројка е речиси 200.000, со вкупно околу 8.000 починати. Болеста се прошири и во сите 50 сојузни држави во САД. Се преземаат мерки, а во Лас Вегас се затворени сите 440 казина.

Освен во Италија, во која дневно вирусот убива по повеќе од 300 луѓе, поради што во лекувањето се вклучуваат и студенти по медицина кои уште не дипломирале, короната масовно се шири во Шпанија, Франција… Се’ повеќе заразени има и на Балканот. Во Словенија речиси 300, во Хрватска и во Бугарија по 81, Србија – 83, Македонија – 31, вчера беа регистрирани и првите двајца во Црна Гора…