Босански граничен полицаец уапсен – за пари пуштил во БиХ лица од високоризични земји на Ковид-19 – ММС
ММС

Објавено на: 03/18/20 10:16 AM

Босански граничен полицаец уапсен – за пари пуштил во БиХ лица од високоризични земји на Ковид-19

Полициски службеник на граничната полиција на Брчко-дистриктот во Босна и Херцеговина е уапсен зашто за пари им овозможил незаконски влез во БиХ на три лица што доаѓале од високоризична земја за коронавирус.

Тој е осмничен дека на 15 март попладне, наместо да не им дозволи влез и да ги врати или да ги испрати во изолација, неконтролирано, за извесна сума пари што ја побарал од нив, ги пуштил да влезат во земјата, со што директно го загрозил здравјето на граѓаните на БиХ.