Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен изјави дека вакцината против коронавирус би можела да биде во продажба до есен.
Европската комисија и платила 80 милиони евра на германската компанија„Cure Vac“ за да помогне во развојот на вакцината што е можно поскоро, што според Фон дер Лејен би можело да спаси илјадници животи низ целиот свет.
Таа е една од трите компании во светот што работат на откривање на вакцина против короната. Ова го прави уште една германска компанија, „BioN Tech“ и американската компанија „Moderna“.


