Филипини е прва земја која поради пандемијата ја затвори берзата – ММС
ММС

Објавено на: 03/17/20 3:54 PM

Филипини е прва земја која поради пандемијата ја затвори берзата

Филипинската берза со денешниот ден го прекинува тргувањето со акции и капитал, сè додека не се видат знаци на стабилизација на финансиските пазари ширум светот, се вели во изјавата.

Претседателот на Филипини донесе одлука за отварање едномесечен карантин околу островот Лузон, во кој живеат 57 милиони луѓе, и во моментов има регистрирано 140 случаи на заразени, и 12 мртви. Од почетокот на годината, забележаниот пад на финансискиот пазар на Филипините е повеќе од 30 проценти и е еден од најранливите во Азија. Вчера, по објавување на затворањето на берзата, дневниот пад изнесуваше 19,5 проценти, што е негативен дневен рекорд.

Привремените затворања на берзата се вистинска реткост, но истите се забележани. САД ги затворија една недела по терористичките напади во 2001 година, а Грција на пет недели за време на финансиската криза во 2015 година.

Извор: denar.mk