(фото+видео) Со маски и мерење температура почна лидерската средба кај Пендаровски – ММС
ММС

Објавено на: 03/17/20 12:59 PM

(фото+видео) Со маски и мерење температура почна лидерската средба кај Пендаровски

Почна лидерската средба во кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски на која присуствуваат претседателите нa парламентарните политички партии од власта и од опозицијата кои на последните парламентарни избори освоија пратенички мандати со самостојни листи. Единствена точка на дневниот ред на средбата што ја свика шефот на државата е одложување на парламентарните избори.

На средбата присуствуваат лидерите на СДСМ, Зоран Заев, на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, на Алтернатива Африм Гаши и на Движењето БЕСА, Билал Касами. Во име на ДУИ на состанокот присуствуваат Бујар Османи и Изет Меџити, а наместо Мендух Тачи присутни се и партиски претставници на ДПА. На средбата се присутни и претседателот на Собранието Талат Џафери и претседателот на Владата Оливер Спасовски.