Словенците целосно го забранија патничкиот авиосообраќај – ММС
ММС

Објавено на: 03/17/20 12:27 PM

Словенците целосно го забранија патничкиот авиосообраќај

Словенија, која има повеќе од 250 заразени со коронавирусот, целосно го забрани патничкиот авиосообраќај. Забраната за летови до земјите членки на ЕУ и до другите држави ќе трае до крајот на март, а мерката ќе биде продолжена доколку има потреба од тоа.

Забраната не важи за карго-авионите. Дозвола за летање ќе добијат и сите летала кои ќе носат лекови и медицински материјали, како и оние кои ќе превезуваат болни лица.