Во Грција паднаа првите затворски казни за непочитување на државните мерки – ММС
ММС

Објавено на: 03/17/20 11:17 AM

Во Грција паднаа првите затворски казни за непочитување на државните мерки

Двајца грчки стопанственици експресно се  осудени на затворски казни за водење бизнис и покрај забраната, игнорирајќи го ширењето на опасниот вирус. Апелациониот суд на Атина ги осуди на една година затвор и казна од по 300 евра за секој. Максималната казна е 5 години.

Властите, по барање на јавниот правобранител на Врховниот суд на Грција, Василиј Плиотис, извршија десетици апсења низ цела Грција поради непочитување на државните мерки.

Индикативно е дека во посочениот 31 случај, кај 29 е потврдено кршење на државните мерки за коронавирус.

Освен двајцата кои беа веднаш осудени, другите 27 побараа одложување на судењето и беа ослободени. Сепак, ним ќе им се суди откако ќе се укине суспензијата на судовите, бидејќи според новите построги мерки на претпазливост, судењата се само за случаи со притворени.