На ГП Богородица само товарен сообраќај, Грција со целосна забрана од 21 часот до 5 наутро – ММС
ММС

Објавено на: 03/17/20 11:10 AM

На ГП Богородица само товарен сообраќај, Грција со целосна забрана од 21 часот до 5 наутро

Општина Гевгелија соопшти дека на граничниот премин Богородица на македонско-грчката граница патничкиот сообраќај е целосно прекинат, а во земјата се пропуштаат само наши државјани со кои се врши интервју од страна на граничните полицајци и волонтери на Црвениот крст и кои потпишуваат изјави за самоизолација доколку доаѓаат  од високо и средно ризични земји.

Товарниот сообраќај се одвива без проблеми, со напомена дека грчката гранична полиција ја известила нашата дека од 21 до 5 часот наутро ќе биде забранет влез на товарни возила во нашата земја.

Од страна на Центарот за јавно здравје-ПЕ Гевгелија сите објекти и кабини на граничниот премин Богородица се дезинфекционирани, ќе бидат дезинфицирани и другите државни објекти и установи, а во соработка со ЈПКД„Комуналец“ ќе биде организирана и акција за дезинфекција на сообраќајниците во градот.

Во Прифатниот центар за мигранти „Винојуг“ минимален е бројот на мигранти, кои по краткиот престој се враќаат назад. Истовремено, засилена е контролата за спречување на илегалните преминувања на мигранти преку границата.