Американски дестилерии за виски почнаа да прават и да подаруваат алкохол за дезинфекција – ММС
ММС

Објавено на: 03/17/20 10:27 AM

Американски дестилерии за виски почнаа да прават и да подаруваат алкохол за дезинфекција

Американски дестилерии на виски се ставија на располагање за да помогнат да се намали недостатокот од средства за чистење. Дестилерија од Вермонт подарува раствор за чистење раце, дестилерија од Северна Каролина на установи им подарува алкохол…

Исто така и сопственикот на дестилерија за виски во Пенсилванија, изнервиран од недостатокот на средства за дезинфекција на рацете, одлучки својот погон привремено да го специјализира за производство на средства за дезунфекција врз база на алкохол. Неговата дестилерија вчера ги испорачала првите шишиња наменети за добротворни друштва, на кои им треба средство за дезинфекција, но, поради масовното купување од страв од коронавирусот, тешко може да се најде.