Германија: Крадци украле 50.000 маски од болнички магацин во Келн – ММС
ММС

Објавено на: 03/17/20 10:08 AM

Германија: Крадци украле 50.000 маски од болнички магацин во Келн

Од болнички магацин за медицинска опрема во германскиот град Келн вчера биле украдени 50.000 заштитни аски. Како што соопштува полицијата, тоа прв го забележал еден од вработените кога утрото дошол на работа.

„Ова е еден сосема нов вид кражби. Досега обино се крадеа предмети што се скапи, а сега, очигледно, и за заштитните маски има добар пазар“, изјавила портпаролката на градските болници во Келн.