Променливо сончево и потопло време со слаб до умерен ветер од северозападен правец и максимална тепеатура од 17 степени е временската прогноза на УХМР за денеска.
До сабота ќе се задржи стабилно време со постудени утра и со постепен пораст на дневната температура. В недела се очекува променливо облачно време со повремени сончеви периоди и повремен дожд.



