Околу 200 македонски државјани се извлекуваат од затворената унгарско – српска граница – ММС
ММС

Објавено на: 03/16/20 10:15 PM

Околу 200 македонски државјани се извлекуваат од затворената унгарско – српска граница

По одлуката соседна Србија да ги затворат сите своите граници, околу 200 македонски државјани останале на унгарско – српската граница. Како што вечерва соопшти министерот за надворешни работи, Никола Димитров, со дипломатски напори, оваа група се транспортира преку територијата на Романија и Бугарија во Македонија.

Поради непредвидливоста на состојбата со границите  и одлуките за затворање на државните граници кај многу земји поради состојбата со коронавирусот, министерот Димитров имаше кратка порака:

-Не патувајте, рече Димитров.

Во моментов, има повеќе македонски државјани, кои се „заглавени“ по аеродромите во Виена, Њујорк и други места. Сите тие побарале помош од нашето МНР.