Што убав си бев, што говедо станав-Игор Џамбазов се соблече гол, како Френк Запа – ММС
ММС

Објавено на: 03/16/20 7:56 PM

Што убав си бев, што говедо станав-Игор Џамбазов се соблече гол, како Френк Запа

Македонскиот шоумен Игор Џамбазов  уште еднаш покажа дека големината на човек е да направи шега на своја сметка. А тој секогаш си наоѓа повод сам на себе да си се насмее. Таква шега е и последната слика на неговиот профил на Инстаграм, каде гол седи на школка во тоалет. Слика, која потекнува од 1993 година, кога тој сериозно се занимаваше со музичка кариера и кога неговите обожаватели лудуваа по песните  „Тие“, „Кажи не“ и други…

„Е многу сум бил нетокму“, вели тој под сликата и за ММС додаде:

Е многу сум бил нетокму-  Игор во 1993 година

-Искра ме сликаше. Исто сум сликан како Френк Запа. Ова ми е првата касета а песните и ден денес ги пеам на настапи.  Снимена а кај Роберт Саздов во студио и ова ми е прва соработка со Харе.  Вака гледајќи ја сликата си викам што убав дечко си бев , што говедо станав. А не се сликав за маркетинг, касетите беа толку мали што едвај се гледав .  А вака кога ја гледам сега си викам со оглед на тоа колку денес се соблекуваат пејачите по спотови  ова моево е цртан филм.  Но, за тоа време, кога имав само 30 години беше храбро, вели Игор.

 

   Инспирација на Игор- Френк Запа