(ВИДЕО)Нина Костовска во името на лицата со Даунов синдром со аплауз им даде поддршка на македонските лекари – ММС
ММС

Објавено на: 03/16/20 7:05 PM

(ВИДЕО)Нина Костовска во името на лицата со Даунов синдром со аплауз им даде поддршка на македонските лекари

Нина Костовска (26) е девојка со Даунов синдром и е пример за тоа како жените треба сами да си го трасираат патот.  Многу пати покажала дека и тие се дел од општеството и дека не треба да бидат занемарени. Дека Нина е пример за успех, покажа и овој пат, кога светот се соочува со пандемија на Корона вирусот. Таа со своето семејство излезе на тераса и заедно со соседите со голем аплауз  даде поддршка на нашето здравство, односно им даде поддршка на сте лекари кои кои се грижат за нашето здравје.

-Лекарите заслужуваат повеже од аплауз. Сега, во овие тешки моменти, ја покажуваат хуманоста на дело. Додека сите ние седиме дома , тие постојано се на работа и се грижат за целокупната состојба. Затоа им аплаудираме иако заслужуваат многу повеќе, вели Нина.

Нина дипломирала на Филилошкиот факултет а сега е дел од тимот во библиотеката на Владата. Била и дел од кампањата на УНИЦЕФ „Биди фер- за детство без пречки“, во кое видео може да се види ограниченоста и предрасудите со кои живеат луѓето.