Илјадници семејства над тетовското Арабати Баба Теќе живеат без вода – ММС
ММС

Објавено на: 03/16/20 1:58 PM

Илјадници семејства над тетовското Арабати Баба Теќе живеат без вода

Илјадници семејства над тетовското Арабати Баба Теќе живеат без вода. Во време не препораки тие нема како да ја одржуваат хигиената.

Луѓето се снаоѓаат како знаат и умеат. Полнат вода од градските чешми но и застоена вода која ја чуваат во цистерни.

Дополнителен проблем на мештаните е што немаат канализација па нехигиената во овој дел на Тетово е уште поголема.

Од Општина Тетово ни изјавија дека е отворен тендер за избор на фирма која од базенот кој веќе е изграден треба да ја донесат водата до семејствата кои живеат над тетовското Арабати Баба Теќе. Оттаму истакнаа дека градежните работи за реализација на проектот ќе започнат наредниот месец.