Нема новодијагностицирани од Корона вирусот, се тестираат 7 лица – ММС
ММС

Објавено на: 03/16/20 1:33 PM

Нема новодијагностицирани од Корона вирусот, се тестираат 7 лица

Нема ново дијагностицирани од Корона вирусот.Испишана е првата пациентка, во сосема добра клиничка состојба.Сите кои биле во контакт со неа се тестирани и не покажуваат никакви симтоми и тие се здрави, изјави министерот за здравство Венко Филипче. Непроменета е состојбата на сите 18 пациенти,  од кои 13 се на клиниката за инфективни болести, стабилна е состојбата на пациентката која е на респираторна машина пациентите во Дебар се со лесна клиничка слика и сите се во добра состојба и се во домашно лекување. Во овој регион се проширува бројката на луѓе кои се тестираат со цел детално да се скенира состојбата. Во моментов  се тестираат 7 пациенти,

-Три лица се  од Дебар кои имаат симптоми на грип, двајца пациенти од Штип и двајца на Инфективната клиника кои изминатиот период патувале во Австрија и Германија.-информираше Филипче

Луѓето во регионот на Дебар и Центар Жупа  покажуваат голема одговорност и нема нарушување на јавниот ред и мир, истакна Филипче. Во 19 часот на седница на Владата ќе се дискутира за повеќе мерки

Клиниката за психијатрија започнува со телефонска  психолошка поддршка за граѓани и ранливи групи, за родители на деца во училишна и предучилишта возраст, на возрасни лица  кои се во  самоизолација, и психолошка поддршка на граѓаните од Дебар и Центар Жупа.

На  Комисија од заразни болести заклучено е да ослободува и еден родител на дете со цистична фиброза.На располагање се близу 440 медицински сестри и 200 анестезеолози на териоторијата на целата држава.

Филипче уште еднаш апелираше луѓето да остануваат дома.