Неславен старт: Хакери на првиот ден ја оневозможија онлајн-наставата во Хрватска – ММС
ММС

Објавено на: 03/16/20 1:07 PM

Неславен старт: Хакери на првиот ден ја оневозможија онлајн-наставата во Хрватска

Онлајн-наставата поради состојбата со коронавирусот во Хрватска е оневозможена уште од првиот ден од нејзината примена поради хакерски напад.

Нападот бил веднаш пријавен во хрватското МВР, а стручњаците преземаат мерки за во најкус рок да ги отстранат проблемите, пренесуваат хрватски медиуми.

Инаку, онлајн-наставата се одвива во соработка со ресорното министерство и јавниот сервис ХРТ.