Окружниот суд во Јокохама денеска го осуди на смрт со бесење Сатоши Уематсу (30), поранешен вработен во dом за стари лица, поради убиство со нож на 19 лица – штитеници на Домот и за ранување на уште седуммина, меѓу кои и двајца негуватели во Домот во Јамујури во јули 2016 година.
За време на истрагата и на судењето Сатоши повторувал дека не се кае и оти сакал да му помогне на светот со убивање луѓе за кои тој смета оти се товар. Рекол дека врз него влијаела и идејата на нацистичкиот водач Адолф Хитлер, кој убивањето на луѓе со инвалидитет го правел за да се подобри перцепцијата на повисока раса.
Групите за заштита на човековите права потсетуваат на врежаната предрасуда кај многумина во Јапонија кон лицата со инвалидитет.