Србија забрани зголемување на цените на 36 производи, претходно слично постапи и Хрватска – ММС
ММС

Објавено на: 03/16/20 11:08 AM

Србија забрани зголемување на цените на 36 производи, претходно слично постапи и Хрватска

Министерот за трговија Расим Љаиќ денеска соопшти дека, поради состојбата со коронавирусот, во Србија се ограничуваат цените на 36 производи – основни животни намирници, заштитна опрема, средства за дезинфекција…

Како што информирал министерот, а пренесуваат српски медиуми, во текот на изминатите денови имало многу поплаки од граѓаните на зголемени цени, а најмногу на заштитните маски, кои, како што рекол Љаиќ, се продавале поскапо за 200 до 230 динари.

Претходно слични чекори презеде и хрватската Влада, која забрани зголемување на цените на брашното, шеќерот, млекото, месото, лековите…