Поради Ковид-19: Данска на компаниите ќе им покрива 75 отсто од парите за плати – ММС
ММС

Објавено на: 03/16/20 10:14 AM

Поради Ковид-19: Данска на компаниите ќе им покрива 75 отсто од парите за плати

Владата на Данска им порача на приватните компании, кои се борат со драстините мерки за сузбивање на коронавирусот, дека ќе им покрие 75 отсто од платите за вработените ако ветат дека нема да отпуштаат работници.

Според тримесечниот план што ќе трае до 9 јуни, државата ќе исплаќа по 75 отсто од заработката на работниците во максимален износ до 3.418 долари месечно, а останатите 25 осто ќе ги исплаќа компанијата.

Оваа понуда е една од неколкте во пакетот на Владата за помош на компаниите и на работниците за пребродување на тешките мерки и последици од епидемијата на коронавирус.