Шпанскиот крал Фелипе се откажа од наследството на татко му Хуан Карлос – ММС
ММС

Објавено на: 03/16/20 10:09 AM

Шпанскиот крал Фелипе се откажа од наследството на татко му Хуан Карлос

Шпанскиот крал Фелипе VI се откажа од наследството на својот татко Хуан Карлос (82) поради неговите финансиски малверзации. Во соопштението на шпанското кралско семејство се наведува дека кралот Фелипе ја укинал годишната апанажа, кој абдицираше од престолот во 2014 година.

Одлуката следуваше по истрагата на швајцарските истражители за оф-шор сметката на Хуан Карлос, кој наводно во 2008 година примил 88 милиони долари од покојниот саудсики крал Абдулах.

Британскиот весник „Телеграф“ објави дека кралот Фелипе е наводен корисник на оф-шор фонд што ја контролира швајцарската сметка со наводни 65 милиони евра подарок од Саудиска Арабија, дадени на неговиот татко додека тој бил на престолот.

Кралот Фелипе негираше дека знаел било што за тој овој фонд.