Времето денеска ќе биде облачно со пообилни врнежи од дожд (понекаде над 20л/м2). Врнежите на планините ќе бидат од снег, а кон крајот на денот на повисоките места особено во западните делови и на североистокот повремено врнежите од дожд ќе преминуваат во снег. На југозапад ќе има услови за појава на ретки грмежи. Дневните температури преку денот нема многу да се покачат и ќе се пониски и за повеќе од десетина степени од вчерашните. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер.
Максималната температура ќе се движи вово интервал од 5 до 11 степени.
Во Скопје облачно со слаб до умерен дожд и со умерен до повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 8 степени, информираат од УХМР
Преку ноќта се задржа облачно и најпрвин со врнежи од дожд по северната страна на заемјата. Потоа врнежите се проширија по на југ. Дуваше и слаб до умерен претежно северен ветер. Повремено ветерот засилуваше на Ѓуриште и во Штип. Утринава врне дожд во повеќе места на југот и југоистокот.
Најмногу дожд наврна во Крива Паланка 12 л/м2 , потоа 8л/м2 во Пожаране, Куманово и Виница, 7 л/м2 во Крушево 6л/м2, во Скопје,Зајчев Рид 5л/м2 во Охрид 4 л/м2 во Штип, Тетово, Маврово, Претпр, Скопје Петровец , Дебар, 3л/м2 во Берово, Гевгелија, 2 л/м2 во Демир Капија и 1 л/м2 во Струмица и Дојран


