(фото) Целосно изгоре цистерна полна со гориво кај Свети Николе – ММС
ММС

Објавено на: 03/14/20 10:42 PM

(фото) Целосно изгоре цистерна полна со гориво кај Свети Николе

Попладнето на автопатот Свети Николе -Штип, кај надпатникот за село Ерџелија, во сообраќајна несреќа се преврте, се запали и целосно изгоре возило-цистерна, кое превезувало гориво.

На терен веднаш излегоа екипи на ТППЕ од Свети Николе и Штип, кои успееја да го изгаснат опожареното возило, од кое од силината на огнот, остана само железо.

Инспекторите за животна средина од општина Свети Николе излегоа на терен во увид, со цел да утврдат дали истекувањето на горивото направило штета по животната средина.