Пет британски авиони на патот кон Шпанија се вратија во Велика Британија – ММС
ММС

Објавено на: 03/14/20 6:34 PM

Пет британски авиони на патот кон Шпанија се вратија во Велика Британија

Авионите Jet2 на рутата кон Шпанија се свртеа во воздухот и се вратија во Велика Британија, бидејќи авиокомпанијата ги откажа сите летови кон Шпанија, Балеарските острови и Канарските Острови заради коронавирус, јавува Би-Би-Си.

Потврдените случаи во Шпанија се зголемиле за 1500 за 24 часа, а илјадници биле ставени во карантин. Смртните случаи на земјата достигнаа 120 и се очекува воведување на двонеделна вонредна состојба .

Jet2 соопшти дека здравјето и безбедноста на клиентите се главен приоритет. Авиокомпанијата лета на дестинациите вклучувајќи ги Аликанте, Малага и Ланзарот од девет аеродроми во Велика Британија.

Одлуката за откажување на летовите доаѓа откако шпанските власти наредија затворање на барови, ресторани, продавници и активности. „Знаеме дека овие локални мерки ќе имаат значително влијание врз одморите на нашите клиенти, затоа ја донесовме таа одлука“, додаде портпаролот на авиокомпанијата.

Во петокот, „Бритиш ервејс“ предупреди дека ќе мора да ги прекине летовите „како никогаш досега “ и да ослободи персонал како одговор на коронавирусот. Рајанер им кажа на персоналот дека може да бидат принудени да заминат во понеделник.

Туристичката компанија Туи ги откажа сите одмори во Шпанија, кои требаше да започнат помеѓу 14 и 16 март.

Премиерот на Велика Британија Борис Џонсон се состана со претставниците на Даунинг стрит за да разговараат за пандемијата .

Уште 10 лица во Велика Британија починаа од коронавирус , со што вкупниот број на смртни случаи достигна 21.