По запаленото возило во ноќта меѓу средата и четвртокот, изминатата ноќ во Штип гореше уште едно возило, овој пат сопственост на турски државјанин.
-На 14.03.2020 во 04.34 часот во СВР Штип било пријавено дека ул.„Булевар ЈНА“ во Штип настанал пожар, при што било опожарено паркирано патничко возило „ауди“, со штипски регистарски ознаки, сопственост на С.М.(20) од Р.Турција. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Штип. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип, соопштија од штипска полиција.
Ова е 25-ти случај на опожарени возила во изминатиот период од една година.


