Двајца руски државјани се уапсени откако биле затекнати како обиваат банкомат во Скопје.
Според информациите на МВР, синоќа во 02.52 часот на ул.„Лазар Трповски“ биле приведени Б.Ж.(35) и Д.М.(41) и двајцата од Руската Федерација, бидејќи биле затекнати како обиваат банкомат.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.