Како што информира порталот pravidko.mk пораст на минималната плата на 14.934 денари во нето износ или 21.776 денари во бруто износ предвидува членот 4 од Законот за минимална плата.
Новиот износ на минималецот ќе започне да важи од април 2020 година што би значело дека минималната плата за месец април ќе биде за 435 денари повисока од минималната плата за март.


