Запален уште еден автомобил во Штип – ММС
ММС

Објавено на: 03/13/20 4:44 PM

Запален уште еден автомобил во Штип

Патнички автомобил „фолксваген венто бил опожарен во Штип, ноќта меѓу средата и четвртокот, додека во полицијата настанот е пријавен во четвртокот вечерта во 19 часот.

-На 12.03.2020 во 19.01 часот во СВР Штип, К.Н.(50) од Штип пријавил дека ноќта  на 11/12.03.2020г настанал пожар во патнички автомобил „фолксваген венто“ паркиран на ул.„Васил Доганџиски“ во Штип. Пожарот бил изгаснат. Увид извршила екипа од СВР Штип и се работи на расчистување на случајот, соопшти СВР Штип.

Во  полицискиот билтен е регистрирано уште едно запалено возило. Вчера околу 14.00 часот на магистралниот пат Штип-Велес,  пред с.Сaрамзалино, настанал пожар во товарно моторно возило „форд транзит“ во движење, управувано од Р.И.(37) од Чашка, велешко, во кое се превезувале четири сопатници. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Свети Николе, а повредени лица нема.